За нас

Авалон Продукција е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани.

Авалон Продукција својата работа ја започнува кога Бобан и Даниел Милошески го организираат првиот концерт на 28 август 1993 година со групата Електрични Оргазам, во Куршумли Ан во Скопје.

Во дваесет и пет години постоење, под логото на Авалон Продукција се издадени 35 музички изданија на регионални изведувачи но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за Авалон, се „Леб и Сол“, Тоше Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, „Мизар“ и многу други. Сепак, доминантна дејност на Авалон од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа. Во десет годишната работа со најистакнатите светски букинг агенции, Авалон денес ужива статус на прв купувач за територијата на Македонија и Србија, и тоа кај најголемите агенти во светската музичка индустрија. Неколку пати годишно, претставници на Авалон Продукција одат во Лондон на годишни собири, семинари и фестивали каде се планираат турнеи од кои многу поминале и во Македонија благодарение на континуитетот во соработката со водечките агенции како International Talent Booking, William Morris Endeavur, Creative Artists Agency…

 За работата на Авалон Продукција повеќе пати известувале и стручни магазини од врвот на музичкиот бизнис како британските Pollstar, The Audience и други. Во прилог на тоа, а можеби и најверодостоен податок е дека Авалон Продукција во изминатите четири години организирала настапи на повеќе од 140 светски и регионални изведувачи за публика од преку 350.000 посетители во четири земји од регионот.

Авалон Продукција користи некои од највисоките стандарди во реализацијата на настаните. Соработката со сите најголеми рентал компании од регионот  е најдобра препорака за финален квалитет на доживувањето кое во фокусот го има публиката и бизнис соработниците. Во изминативе години, реализиравме концерти и фестивали на практично сите најголеми и продукциски предизвикувачки локации во Македонија и Србија како што се Арената Филип Втори, Скопското Кале, стадионот Билјанини Извори во Охрид како и Ушче, Калемегдан во Србија каде секогаш имаме одлична соработка со надлежните институции, запазуваќи ги сите актуелни светски стандарди и домашни прописи. Посебно сме горди за високата безбедност на посетителите и соработката со најдобрите регионални редарски служби чии работници со својот професионализам значително допринесува за вкупниот впечаток на нашите настани.

Покрај отворените простори, реализиравме и бројни настани во затворени сали како спортскиот центар Борис Трајковски, Метрополис Арена, Универзална Сала како и Хала Спортова, Експо центар и Белградска Арена. Повеќе стотини странски и регионални изведувачи настапиле на настаните во реализација на Авалон Продукција во изминативе дваесет години континуирана работа на пазарот на целиот Балкан. Концерти, фестивали и регионални турнеи запишаа навистина голема листа на препознатливи имиња во историјатот на нашата продукциска куќа.

Контактирајте нѐ

Креирајте корисничка сметка за најнови вести, ексклузивни понуди и карти во претпродажба

CAPTCHA

Developed by Nextsense