СТАДИОН НА АРМ
Драги пријатели,
Со огромно задоволство ви го најавуваме нашиот можеби најшармантен проект за ова лето. После најавата на неколку концерти во Охрид, време е да се објави нешто ново и за Скопје.
Имено, неделата во која треба да бидат Електрични Оргазам на 11-ти септември, потоа фестивалот SKOPJE CALLING (со Vini Vici, Mahmut Orhan, Kiril Djaikovski, Maurice West и Cyrillic) на 12-ти септември, ќе се заокружи со славенички концерт на култните Бајага и Инструктори, на најубавата локација во градот, стадионор на АРМ.
На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто Бајага и Инструктори ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легенданиот диригент Војкан Борисављевиќ.
Влезниците во како што најавивме во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (20.07) во 09 часот наутро онлајн, во Avalon Music and Ticket store и на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија по следниве цени и категории:
ПАРТЕР - 700 денари
ФАН ПИТ - 1000 денари (само 500 влезници во продажба)
Концертот на Бајага и Инструктори ќе трае три часа, а за гостите коишто ќе ја отворат вечерта и ќе настапат како предгрупа ќе бидете дополнително известени.
Носењето заштитни маски ќе биде задолжително за сите посетители, без исклучок, согласно препораките и протоколите за одржување на јавни настани на отворено кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести, за превенција од Ковид 19.
Со надеж дека ќе го спасиме летото.
Ваша,
Авалон Продукција