АНТИЧКИ ТЕАТАР
Драги пријатели,
Огромно задоволство ни е да ви го најавиме првиот проект од концертите што ќе ги организираме во овој август и септември под веќе изготвените и одобрени протоколи за организација на концерти во земјава.
Најголемата женска регионална ѕвезда во моментов, неверојатно квалитетната Амира Медуњанин ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија, на 09-ти август и тоа на најубавата локација за овваа пригода, Античкиот театар во Охрид.
Капацитетот на Антички театар кој е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители, поради Ваша заштита и почитувањето на протоколите превземени за заштита од Ковид 19.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба исклучиво онлајн на avalon.mk од среда (08.07) во 09 часот наутро по следниве цени и категории:
ТРИБИНИ - 1000 денари
ВИП ПАРТЕР - 1500 денари
ВИП ТРИБИНИ - 1500 денари
Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт на нарече босанската Били Холидеја, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.
Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи.
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
{{Title}}
{{Intro}}
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}