АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ:
КОНЦЕРТОТ НА DEEP PURPLE СЕ СЕЛИ ВО АРЕНА “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” - СКОПЈЕ!
28-ми мај, сабота, 21:00ч
Драги пријатели,
Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, се одлучивме за сигурна варијанта- префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај.
Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:
ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)
Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно.
Сега на новата локација, и тоа е возможно.
Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.
Се гледаме за четири дена со уште поголема енергија, но на нова локација!
Авалон Продукција
*******
ПРВ ПОСТ КОРОНА OPEN AIR СПЕКТАКЛ ВО ЗЕМЈАВА!
Драги пријатели,
Со огромно задоволство ви најавуваме, еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.
Што да се каже што не е познато за великаните?
Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се` подобро и подобро свират во живо!?”
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.
Доволно е само да се каже името на продуцентот на последниот албум “Turning to crime”, Bob Ezrin - човек којшто како продуцент потпишува албуми на Aerosmith, Pink Floyd, Lou Reed, Peter Gabriel, Andrea Boccelli и други понови бендови како 30 Seconds to Mars и Deftones.
Навистина е раритентна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и Deep Purple и Whitesnake во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата (заедно со концертот на Placebo) во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, на 23.02.2022 година низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР - 1.500 денари
ФАН ПИТ - 2.000 денари (само 2.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба)
You keep on moving!