АНТИЧКИ ТЕАТАР - ОХРИД
Драги пријатели и љубители на стариот нормален живот,
Големо задволство ни е да ве информираме дека покрај Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон Продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антички театар во Охрид, во последниот квартал на ова лето.
Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, со кој бевме приморани да ги откажеме двата речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија, а кои требаше да се одржат кон крајот на месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено.
Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Античкиот театар, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од: „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“... потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć svirači“... па се` до актуелните песни од последниот албум на Бебек „Ono nešto naše“ како: „Ako voliš ovu ženu“, „Ljubav ko iz pijesme“ и други, со кои ги наполни буквално сите концертни сали во регионот.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 09 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music & Ticket store и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава по следниве цени и категории:
ТРИБИНИ - 1.000 денари
ВИП - 1.500 денари
Потсетуваме дека капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 % согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.
ВАЖНО: Сите оние што ги чуваат влезниците за концертите во Македонската филхармонија, ќе може да го гледаат Бебек во Охрид open air со истите влезници, заменети за ВИП влезници. За деталите околу ова, ве молиме да не` контактирате.
Доколку не ви одговара охридскиот термин, со истите билети ќе може да го гледате Бебек во Скопје во Македонската филхармонија, во февруари 2021 година.
Одиме понатаму,
Авалон Продукција