НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ФИЛИП ВТОРИ“
Драги пријатели,
Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки.
Авалон Продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе ви посака на сите што е можно поубаву денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден.
По рекодрно брзо распродаденото шоу што се одржа во ВИП Аренана на 15.10.2017 годинна (во рамки на 57th & 9th турнејата), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди „Филип Втори“.
Стадионот „Филип Втори“ ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!
Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best of tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.
„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my herat“, „Every breah you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни коишѕо ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.
Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на Авалон, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР - 1.500 денари
GOLDEN CIRCLE - 3.000 денари (само 2.000 билети, директно пред бина)
SILVER SEATS - 2.000 денари
GOLDEN SEATS - 3.000 денари
ВИП - 4.990 денари (строго ограничен број)
КУПИ КАРТА ОНЛАЈН НА ОВОЈ ЛИНК
Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti!
Одиме понатаму.
Ваша,
Авалон Продукција