МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
ВРЕМЕ Е ЗА WORLD CLASS FUNK & SMOOTH JAZZ ВО СКОПЈЕ:
УНИКАТНАТА CANDY DULFER СО СВОЈОТ БЕНД ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА!
8 АПРИЛ
Задоволство ни е да ви најавиме вистински фуриозен спектакл со маестралната џез - фанк саксофонистка Candy Dulfer на 8ми април во Македонската Филхармонија!
А… доказ дека концертот ќе биде навистина фуриозен е фактот што Candy Dulfer ќе биде придружувана од вкупно 9 врвни музичари на сцената на Македонската Филхармонија!
Заедно со својот бенд, “Греми” - номинираната саксофонистка на Скопје ќе му приреди, од една страна - ексклузивен и интимен концерт (благодарение на квалитетот и големината на Македонската Филхармонија), а од друга страна, енергично и возбудливо џез, поп - фанк, RnB шоу со пеколно добар грув!
Candy Dulfer е соло артистка, инструменталистка и текстопистка која има работено со некои од најголемите имиња во музиката, како Van Morisson, Lionel Richie, Beyoncé, Pink Floyd, Aretha Franklin, Dave Stewart (Eurythmics)… а, Prince ја сметал за негов прв избор кога била во прашање изведбата на саксофон; “When I want sax, I call Candy” вели тој во видеото за Partyman.
Нејзиниот последен, 13ти студиски албум, издаден во 2022 и насловен “We Never Stop” претставува храбра мешавина на еуфорични џез сола и поп - фанк или, цитирајќи ја самата Dulfer, “а funky as hell anthem of resilience”.
Влезниците за овој навистина ексклузивен настан ќе бидат во продажба од среда (8ми март) во 9 часот наутро, а сите информации околу категориите и нивната цена ќе бидат објавени утре во 19 часот на нашите профили на социјалните платформи.