ТЕАТАРСКАТА ХИТ ПРЕТСТАВА “LEPA BRENA PROJECT” НА КУЛТНИОТ БЕЛГРАДСКИ БИТЕФ ТЕАТАР, ПРЕМИЕРНО ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА!
1ВИ АПРИЛ,
20 ЧАСОТ
Беше некогаш една земја. Југославија.
Во таа земја, Лепа Брена не беше само најголема музичка ѕвезда, туку и симбол на шоу - бизнисот и просперитетот.
Преку нејзината кариера, Брена ги проследи сите социјалистички и пост - социјалистички трансформации, економски растoви и падови, како и распадот на земјата, војната, нерезонското постјугословенско трупање на богатство… па се’ до евидентната носталгија за таа земја која, секој ден е се’ поголема поголема, дури и кај оние кои не ја доживеале.
Преку најголемиот шоу - бизнис симбол на Југославија, “LEPA BRENA PROJECT”
се бави со последните децении на овие простори, со гордоста и болката, со разочарувањето и надежта, и со нас самите.
Низ различни танцови, музички и театарски јазици, култниот белградски БИТЕФ театар има создадено полигон за развој на театарското искуство преку кој публиката станува дел од дијалог во кој сопствените спомени и лични искуства служат како примарен контекст за разбирање на нашето колективно минато.
Претставата стана хит кој ги руши сите рекорди на посетеност, бележи успех во целиот регион (а, ние наместо регион, слободно ќе кажеме - цела бивша Југославија) и е посетена и од гледачи кои никогаш порано не биле на театар.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (24ти февруари) онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија, по цена од:
800 денари
1.000 денари
ВИП - 1.200 денари
КУПИ_КАРТИ
ВАЖНО - не ја пропуштајте можностa 3 во 1:
да се потсетите на подоброто минато,
да ја почувствувате реално сегашноста
и да подразмислите на иднината,
на 1ви април во Македонската Филхармонија.
Ваша,
Авалон Продукција